Бугарскиот обвинител Бисер Михаилов и истражителот Маријан Маринов, работат на истрагата за трагедијата која се случи минатата седмица, откако животот го загубија 45 граѓани од Македонија. Маринов не сакаше да ја открие причината за пожарот
Тој додаде дека автобусот бил стар и се правел ремонт во Турција, при што целата опрема е сменета и останува да се види дали новата е „нефабричка“. Како што тврдат и двајцата, нема податоци за туби со бензин.
„Има цевки за напојување на системот за греење во автобусот, но останале незафатени од пожарот. Моторот на автобусот исто така работел и може да се вклучи и сега и да работи непречено. Оградата дури и да била прикачена со 100 штрафови, автобусот ќе ја однесеше. Автобусот е 18 тони. Ја однесе како сламка“, вели Маринов.