Ременски: Зад превезот на т.н пранкери се кријат агенти-провокатори

by Фокус

Актуелната снимка на т,н., “пранкери” со премиерот Зоран Заев е класичен пример на хибридна алатка, смета пратеничката од СДСМ Фросина Ременски, која е универзитетска професорка на Факултетот за безбедност.

„Легалноста на оваа хибридна алатка е само правото на комуникација. Нелегалноста на оваа хибридна закана е лажното претставување, употребата на агенти-провокатори зад превез на “пранкери” и прикривање на нелегалноста и злоупотребата на медиумите на т.н., пранкери зад превезот на слободата на изразување и слободата на медумите како демократска вредност. Ширење на продуктот од хибридната алатка по пат на медиуми е по правило сензација и предизвикува интерес. Тоа е една од главните цели на хибридната закана – да се шири продуктот што претпоставува некаква штета. Крајната цел е нарушување на интересите на земјата или на трети земји“, напиша Ременски на фејсбук.

- Advertisements -

Според неа, современите безбедносни служби имаат легитимно право овој вид на хибридни закани да ги третираат, да ги превенираат и да постапуваат доколку се случат.

„Пласирањето на лажни вести е само еден дел од информациската, специјална, хибридна војна. Хибридниот продукт во случајот со премиерот Зоран Заев е доказ дека сме таргет на хибридни закани како земја. Но, факт е дека ефектот не е очекуваниот. Од содржината се заклучува дека, премиерот и покрај наведувањето на искази и вербални провокации (техника на комуникација на агент провокатор), јасно и без двоумење ги презентира стратешките цели и интереси на нашата земја за стабилност и безбедност во регионот, важноста на дијалогот, мирното решавање на споровите и потребата од дијалог и размена на вредности и ставови помеѓу земји и лидери кои делат исти стратешки интереси“, стои во објавата на Ременски.

Поврзани новости