396
Во синоќешното гостување на „24 анализа“ на ТВ 24, пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски смета дека „некој се договара да не се договори“, во однос на предлог законот за Јавното обвинителство.
„Очигледно некој се договара да не се договори. Просторот е оставен за дебата околу предлог-законот за Јавното обвинителство, имајќи во предвид дека овој закон е еден од клучните закони за којшто ЕУ инсистира да биде донесен пред објавувањето на извештајот“, смета Ременски.