Ременски за скандалот со дипломатот: МВР требало да постапи по издадената црвена потерница од Интерпол

by Fokus

Професорката Фросина Ременски во разговор за Утрински брифинг вели дека случајот со протераниот дипломат не е афера, туку скандал кој може слободно да се именува на свесно пропуштање и неисполнување на обврзувачки полициски оперативен акт издаден преку Интерпол.

„Овие неколку дена секој си ишка мувата од капата, скоро и никој да не зборува кој и во каков механизам треба да постапи по црвена потерница по Интерпол.Сега доаѓаме до многу поголем апсурд, зошто ако ние ги побараме нашите државјани кои се во екстрадикционен притвор во други земји, реално може да очекуваме одговор зошто нашето МВР не постапило по истата црвена потерница по која постапиле хрватските или српските полицајци на граничните премини или генерално на полицијата“, вели Ременски.

Поврзани новости