830
Професорката Фросина Ременски гостува денеска во летното издание „Click21“ на ТВ21, каде разговараше и за дијалогот меѓу Приштина и Белград.
Ременски вели дека верува дека ќе има некаков Рамковен договор како нашиот.
„Верувам дека ќе се одолее на ескалација која што се прогнозираше во изминатите месец дена, ќе се најдат напори да не дојде до некое поголемо нарушување на безбедноста на Косово затоа што тогаш дефинитивно фокусот би бил на Западен Балкан, но не во делот на политичките процеси за интеграција, туку во делот на воведување на некаков мир или гаснење на некакви кризи“, вели Ременски.