Пратеничката Фросина Ташевска-Ременски од редовите на СДСМ на денешната седница за реконструкција на владата истакна дека сигурно во владата на Зоран Заев недостасува некој „Миле ми текна“, некој со тефтечињата или некој со тендерчињата.
Таа нагласи дека позади нашминканите барокни фасади се крие криминал и корупција.
„Да се потсетиме каква козметика направивте. Направивте барокни фасади на институции и тоа е само шминката што ја оставивте, а зад тие фасади се правеше криминал, корупција и остана цел ринуиран систем. Вашиот претходен премиер повеќе го нема и на анкетите. Сигурно веќе не го сметате ни за пратеник – истакна Ременски.
На пратеничката и реплицираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, кој побара од неа да не го брани премиерот бидејќи тој сигурно знае кој работи, а кој не во неговата влада.