Ременски: Случајот „Меѓународен сојуз“ е фатаморгана со правни небулози

by fokus

Професорката и поранешна пратеничка Фросина Ременски, во интервју за “Фактор” вели дека судскиот процес што се води против неа, „Меѓународен сојуз“ е фатаморгана, со правни небулози и глумење на јавнообвинителско постапување.

-Секој човек и сите познавачи на кривично-правната материја ќе сфатат зошто обвинителството имаше потреба да искреира случај против професорката Ременски. Сите мои докази и правни аргументи во овој фатаморгана случај одат во прилог на фактот дека, моето обвинителско „подместување во згодна прилика“ во овој случај следеше по многу мои активни дејствија во процесот на реформирање на поранешната УБК по пријави и документација доставени до мене и до други пратеници кои членуваа во надзорните тела на Собранието. Бидејќи станува збор за сериозни злоупотреби кои до денес никој (од известените) не ги отвара, ми дава потполно право да верувам дека, структурите кои злоупотребувале и „системот“ кои ги штити не сакаат да се зборува, да се дознае и да се постапува по нив, вели Ременски.

Поврзани новости