Ременски: Очекуваме Зврлевски да биде разрешен до крајот на неделава

by fokus

Наспроти долгите собраниски дискусии за разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски во кои опозицијата си реплицира сама на себе, од владејачката партија СДСМ очекуваат расправата по оваа точка да биде исцрпена до крајот на неделава по што пратениците конечно ќе гласаат.

-Ние очекуваме до крајот на оваа недела Марко Зврлевски да биде разрешен во Собранието на РМ. Ние се откажуваме од нашите реплики и дискусии токму и заради тоа што беше тема на оваа прес конференција, да се прејде кон приоритетните теми за граѓаните на РМ, наспроти обидот на опозицијата и нејзините пратеници да ја користат говорницата за се’ освен за темата на дискусија, а тоа е разрешувањето на Марко Зврлевски и да ги одолговлекуваат сите точки кои следуваат по разрешувањето на Зврлевски – изјави Фросина Ташевска Ременски, СДСМ

На местото на точката за разрешување на Зврлевски, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека би прифатиле да се дискутира само за Законот за јавно обвинителство и измени кои би и дале можност на опозицијата да го предлага републичкиот јавен обвинител.

 

 

Поврзани новости