Воопшто не сум задоволна од излезноста на нашето членство, тоа е сериозно прашање за една внатрепартиска дискусија, изјави кандидатката за претседател на СДСМ, Фросина Ременски по завршувањето на гласањето и откако веќе почнаа да се објавуваат неофицијални резултати, според кои, Димитар Ковачевски е нов лидер на партијата.
-Можеби не се толку важни резултатите, како прашањето зошто нашето членство одлучи да не излезе на изборите. Имам забелешки и ќе ги кажам. Мислам дека токму од тие прашања треба да тргне недекларативната заложба за обединување.
Верувам и знам дека предноста секако ја имаше Ковачевски, другарот. Ќе ги слушнам резултатите, ќе му подадам рака и ќе му посакам се најдобро, ќе му порачам да се погрижи многу повеќе за она што значи партиска работа, обединување на партијата.
Се надевам дека после вакви резултати ќе може да направи многу повеќе и можеби ќе се отвори онаа дискусија во партијата дали е возможно премиер и претседател на партија да менаџира вака сериозни процеси, рече Ременски.