452
Пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски по денешниот исказ за „Рекет“ порача дека не гледа причина зошто политичар не би бил повикан во Јавното обвинителство.
„Ние како партија и како пратеници немаме дилема дека за започнатите постапки, кои се однесуваат на Јанева ќе гласаме согласно законската обврска и да донесеме правилна одлука. Ниту еден граѓанин којшто извршува одредена должност, не треба да ги избегнува државните институции кои имаат интерес да дојдат до одредени сознанија. Не гледам причина зошто политичар не би бил повикан во Јавно обвинителство. Очекувам Собранието да го донесе Законоот за јавното обвинителство. Ги отфрлам сите поврзувања со осомничените во „Рекет“ и најодговорно ги демантирам тие шпекулации“, истакна Ременски.