666
Поранешната пратеничка и кандидат за претседател на СДСМ, Фросина Ременски верува во своите квалитети за да биде нов лидер на партијата.
„Сметам дека најмалку беше очекувана мојата кандидатура. Не сум зборувала отворено за некакви лидерски позиции во СДСМ, но со оглед на предизвикот пред кој се наоѓа партијата сметам дека имам капацитет, знаење, храброст и волја како и тим кој ќе може да го обезбеди она што е најдобро за граѓаните и државата. Воедно и да го врати СДСМ на победничките шини“, изјави за ТВ21, Ременски.