727
Пратеничката Фросина Ременски утрово треба да се појави во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што треба да даде исказ како осомничена во истрагата за „Меѓународен сојуз“.
Таа два дена вршеше увид во доказите кои во истрагата ги прибрала обвинителкаата Вилма Русковска.
Вчера пак исказ даваше осомничената Јасна Мандиќ, која е потпретседателка на невладината организација „Меѓународен сојуз“.
Другите осомничени во овој случај Бојан Јовановски познат како Боки 13, неговиот татко Миле и асистентката Христина Блажевска исказ треба да дадат во петок.