Пратеничката Фросина Ременски која денеска даваше исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на излегување од Обвинителството порача дека очекува да биде запрена постапката против нејзе, но отвори и прашања и за улогата на поранешниот директор на УБК, Горан Николовски кај, според сведочењата, бизнисенот Орце Камчев прво го пријавил случајот.
– Која е улогата на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Николовски во делот на пријавувањето на дејствијата од семејството Камчеви? Што преземал како службени дејствија? Даки воопшто нешто презел и ако воопшто нешто презел дали министерот за внатрешни работи и премиерот ќе си дозволеа во март месец да присуствуваат на прославата на телевизија (1 ТВ) и да даваат видео честитка. или можеби тоа е прашање за некоја корупција имајќи предвид дека е потстанар кај адвокатот на семејството Камчеви. Овие се многу сериозни прашања за кои јас очекував интерес од медиумите да бидат продлабочени истражени и на јавноста да и биде поподатливо за што се работи. Кога професор по безбедност ќе стане таргет на параполициски структури и кога ќе стане таргет во едно разузнавачко и параполициска ситуација и кога ќе се најде во ваков апсурд пред надлежните институции да се правда за нешто дали сторил или не сторил, додека сите останати на кои професорката им го открила криминалот ќе се трудат тој воопшто да не биде дознаен во јавноста, изјави Ременски.
И Камчев и неговата сопруга кои се сведоци во случајот „Рекет“ тврдеа дека случајот прво му го кажале на Николовски кој ги упатил кај обвинителката Вилма Русковска.