Демонстрантите во Париз фрлија супа врз сликата на Мона Лиза во музејот Лувр во француската престолнина. Сликата не е оштетена.
Сликата на Леонардо да Винчи од 16 век, едно од најпознатите уметнички дела во светот, се наоѓа зад непробојно стакло, па тешко дека ќе биде оштетена.
Две демонстрантки кои ја фрлија супата бараат право на „здрава и одржлива храна“, велејќи дека „нашиот земјоделски систем е болен“, пренесува Би-Би-Си.
Земјоделците изминатите неколку дена протестираа во француската престолнина, барајќи да се прекине поскапувањето на горивата и да се поедностават регулативите.
Демонстрантите во петокот ги блокираа клучните патишта во и околу Париз.
Мона Лиза се наоѓа зад безбедносното стакло од почетокот на 1950-тите, кога посетител ја полил со киселина.