Ректорот им се извини на наградените професори: Церемонијата ќе се одржи во друг термин

by fokus

Ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, поладнево испрати соопштение во кое им се извинува на професорите кои денеска чекаа да ги примат наградите, но тој не се појави.

-За жал, траењето на седницата на Ректорската управа поради бројните дискусии се одолжи дваесетина минути што предизвикало нетрпение и револт кај дел од наградените научници. Ја користам оваа прилика јавно да им се извинам на нашите почитувани колеги наградените научници/уметници и на членовите на нивните семејства за неодржувањето на церемонијата поради заминувањето на дел од наградените и да ги известам дека церемонијата ќе се одржи во друг термин, се вели во соопштението на ректорот Јанкуловски.

 

Поврзани новости