Рекордно високи температури за Нова година во Шпанија

by Фокус

Шпанија оваа недела забележа рекордни температури, а се предвидува дека температурата во подрачјето на италијанските Алпи ќе достигне 15 степени над сезонскиот просек во наредните денови, бидејќи голем дел од Европа доживува ненормално топол почеток на Новата година пренесуваат светските медиуми.

Во Билбао, на северот на Шпанија, температурата достигна 24,7 степени Целзиусови, што е највисоко ниво забележано од почетокот на водење евиденција во 1947 година. Во Сеговија, во близина на Мадрид, забележани се 22,7 степени Целзиусови, највисоки од 1920 година.

-Овие високи температури не се нормални. Ова се температурите што инаку би ги виделе во април – изјави Рубен дел Кампо, портпарол на државната метеоролошка агенција, кој го препиша топлото време на масата топол воздух над Шпанија во комбинација со високиот притисок.

Поврзани новости