420
Рекордни снежни врнежи во многу делови на Јапонија однесоа животи на 17 лица, повеќе од 90 повредени, а стотици домаќинства оставија без струја, соопшти денеска Јапонската агенција за управување со пожари и катастрофи.
Од минатата недела, снегот силно паѓа, особено во северните делови на Јапонија, предизвикувајќи голем сообраќаен метеж на автопатите.
До сабота, 24 декември, зимската бура однесе 11 животи.
Божиќниот викенд донесе уште повеќе снег, а бројот на загинати се искачи на 17, додека 93 лица беа повредени. Во еден момент на северот од земјата поради обилните врнежи од снег без струја останаа околу 20.000 домаќинства.