Рекордни поскапувања на горивата, бензинот над 100 денари!

by Fokus

Со најновото зголемување на горивата, цените на горивата се зголемуваат за 9, односно 9.5 денари – а бензините за прв пат ја надминуваат границата од 100 денари за литар.

Новите цени се резултат на враќањето на данокот на додадена вредност за горивата на 18%, кој инаку пред неколку месеци беше намален на 10%.

Во согласност со ова, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 9.00 денари за литар, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 104.00 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 9.50 денари и еден литар 98-октански бензин ќе чини 106.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 9.00 денари и еден литар дизел гориво од вечерва на полноќ ќе чини 95.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Поврзани новости