Бројот на внатрешно раселените лица поради конфликтот ширум светот достигна 48 милиони на крајот на минатата година, што е највисока бројка откако се води евиденција, изјави специјалната известувачка на ОН за човекови права на внатрешно раселените лица, Сесилија Хименез-Дамари.
На состанокот на Третиот комитет на Генералното собрание на ОН, таа посочи дека пред се поради сè покомплексната природа на вооружените конфликти и општото насилство, сè потешко е да се обезбедат човековите права во согласност со меѓународното хуманитарно право.
Дамари оцени дека покрај конфликтите и насилството, како причина за раселување може да бидат и катастрофите, а од 2020 година и пандемијата.
Таа додава дека зголемениот проток на мигранти ќе биде следната пандемија со која ќе се соочат земјите во светот.