Во Германија минатата година, повеќе од 168.000 странци добија германски пасош, што е најголема бројка во последните 20 години.
Ова е за 28 отсто повеќе од една година претходно, објави Сојузниот завод за статистика во Визбаден, истакнувајќи дека во последните 20 години не се регистрирани толку многу нови жители, пренесува Дојче веле.
Минатата година германско државјанство добиле 168.545 лица, 171 националност го оствариле правото да добијат германски пасош.
Повеќето од „новите Германци“ се дојденци од Сирија. Со учество од 29 отсто, 48.300 сириски државјани ја сочинуваат најголемата група на натурализирани лица во текот на изминатата година.
Многумина од нив избегаа од Сирија во Германија за време на граѓанската војна и таму најдоа нов дом. Зад Сиријците се Украинците, Ирачаните и Турците.
Околу шест милиони странци живеат во Германија и се во таа земја повеќе од осум години.