643
Германија четврт ден по ред бележи рекорден број нови случаи со корона вирус.
Од последниот пресек во оваа земја потврдени се 50.196 нови случаи, а починаа 235 пациенти со Ковид-19, соопшти Институтот „Роберт Кох“.
Институтот предупреди на пораст на инциденцијата на заразеност на неделно ниво затоа што бројот на заразени на 100.000 луѓе, сега е 249, во однос на 232 претходната недела.