801
Во Италија во последните 24 часа од коронавирусот починале 168 лица, што е најголем број на починати за еден ден. Пријавени се и 977 новозаразени.
Со ова, бројката на вкупно починати во Италија се искачи на 631 починат и 10.149 заболени.
Од денеска целата држава е во карантин, а затворени се сите училишта, кина, театри, археолошки локалитети, теретани, базени и трговски центри и забранети се погреби и венчавки.
Сепак, дозволено е одење во продавница и во аптека.
-Во секое време можете да излезете од дома за да купите храна, не мора да се купува сѐ одеднаш. Дозволени се физички активности сѐ додека не се прават во група, изјави специјалниот комесар Анџело Борели.