658
Во Италија денеска повторно беше надминат бројот на починати од корона вирусот за 24 часа. Во последните 24 часа починале 250 лица со што вкупната бројка порасна на 1.266.
Италијанските власти соопштија дека има и 2.116 новозаразени, односно вкупно 17.660 заразени.
-Социјална дистанца е клучот на спречувањето на ширењето на заразата. Наредните недели ќе бидат клучни и сѐ ќе зависи од однесувањето на секој поединец, соопштија властите.