680
Во изминатите 24 часа во Хрватска регистрирани се 360 нови случаи на Ковид-19, што четврти ден по ред е рекордна бројка на новозаболени лица.
Од последици од новиот коронавирус почина еден човек, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 170.
Во Хрватска во моментот има 2.052 активни случаи, од кои 143 се хоспитализирани, а 12 пациенти се на респиратор.
Од 25 февруар, кога е регистриран првиот случај на Ковид-19, во Хрватска до денеска регистирани се 7.900 инфицирани лица.