Започната постапка за дислокацијата на галиите во Вардар и се испитуваат сите законски можности, изјави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
– Кога ќе созрее состојбата да можат да бидат донесени правни акти во тој момент ќе бидат донесени тие решенија и понатаму ќе се постапува согласно нив – рече Шилегов, додавајќи дека за него безбедноста е приоритет.
Шилегов истакна дека во соработка со Министерството за култура прават обид да го рестартираaт проектот за реконструкција на Универзална сала.
– За жал, заради лошата материјална состојба и во Министерството за култура и во Градот Скопје заради плаќањето на долговите од Скопје 2014 не сме во можност за тоа во буџетската 2018 година. Со министерот сме во координација во буџетската 2019 година да одвоиме средства за реконструкција на Универзалната сала во Скопје – истакна градоначалникот Шилегов.
Според него, Градот нема намера да купува ново возило за градоначалникот.