Рекетари ги тероризирале гостите во кафеана во Охрид: Ги избркале надвор за од охриѓанец да изнудат 2.000 евра и возило

by fokus

Против двајца охриѓани на возраст од 37 и 28 години е поднесена кривична пријава, откако вршеле терор во кафеана на улицата „Кленоец“ во Охрид. Според полицискиот билтен А.Ф. и Ж.Р. се осомничени за „изнуда” и „насилство“.

„На 09-ти овој месец околу 11:30 часот во Охрид во угостителски објект на улица .Кленоец“ првопријавениот кој бил заедно со второпријавениот, физички го нападнал А.П.(54) од Охрид, при што му побарал 2.000 евра и патничко моторно возило, кое требало да биде пренесено на второпријавениот. При тоа, второпријавениот ги спречувал гостите да влезат во објектот, додека А.Ј.(46) од Охрид не сакал да го напушти објектот, по што првопријавениот физички го нападнал. Првопријавениот упатувал закани  и кон други лица“, велат од полицијата.

Поврзани новости