558
Судењето за случајот „Рекет“, во кој обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева, се одложи за 10 февруари, бидејќи се разболела судијката Васка Николовска Масевска.
-Откако утрово судијата претседател на Советот од здравствени причини не пристапи на работното место, од страна на судот отповикани се наредбите за спроведување на обвинетите и известени се полициската станица и КПУ затворот Скопје да не се спороведуваат обвинетите со оглед дека судењето не може да се одржи“, кажа судијка Софче Гаврилова која е втор судија во овој предмет.
На наредното рочиште ќе продолжи изведувањето на материјални докази предложени од Обвинителството.