669
На 18 јуни, во Основниот кривичен суд во Скопје, судечкиот совет на чело со судијката Васка Николовска-Масевска ќе ја соопшти пресудата за случајот „Рекет“.
Обвинети се Бојан Јовановски-Боки 13 за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари и Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување.
Закажувањето доаѓа откако денеска своите завршни зборови ги кажаа Јанева и нејзините адвокати, а вчера тоа го направи и Боки со својот бранител.