413
Низама Хеќимовиќ (38), жртвата на невенчаниот сопруг на Нермин Сулејмановиќ, денеска беше погребана на гробиштата до џамијата во Мионица кај Градачац. Стотици граѓани присуствуваа на погребот.
Насобраните на збогувањето прво го пренесоа телото на девојката од куќата до џамијата, каде што беше извршена верска церемонија.
Граѓаните и оддадоа последна почит на Низама која ја уби нејзиниот невенчан сопруг.
Во бројни градови во БиХ денеска ќе се одржат протести поради бруталното убиство кое Нермин го објави на социјалните мрежи, а нивното бебе беше сведок на се. Сараево е еден од градовите каде граѓаните решија да излезат и да протестираат поради настанот кој ја потресе цела Босна и Херцеговина, но и регионот.