399
РЕК Осломеј од утрово е повторно на мрежа. Термоелектраната е во функција и произведува електрична енергија, информираат од АД ЕСМ.
Во моментов, сите функционални капацитети на АД ЕСМ се во погон и испорачуваат електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем.
– Стручни лица од производителот од Турција, се во РЕК Битола и заедно со вработени во комбинатот интензивно работат на монтажа на трансформаторот на Блок 3, известуваат од АД ЕСМ.