150
Комбинатот РЕК Битола попладнево работи само со еден блок -Блокот 3, откако поради испад на далновод на МЕПСО, без напојување со струја останал Блокот 1, соопштија од ЕСМ.
-Попладнево, околу 16:45 часот заради испад на далновод на МЕПСО, без напојување со струја остана Блок 1 на РЕК Битола, по што постојката испадна од мрежа. Комбинатот продолжува да работи со еден блок, Блок 3, до повторно ставање во функција на Блок 1, наведуваат од ЕСМ.
Воедно, потсетуваат дека на Блок 2 во тек се ремонтни активности.