РЕК Битола повторно произведува струја, а продолжува и ремонтот на Блок 2

by Fokus

РЕК Битола е ставен во функција и продолжува со производство на електрична енергија. Синоќа во три часот по полноќ Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија, соопштија денеска од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

Оттаму истакнуваат дека продолжуват активностите за ставање во функција и на Блок 2 кој беше во ремонт. Се очекува, најавуваат, до крајот на неделата и оваа постројка да биде „на мрежа”.

На 5 ноември вечерта во 22.50 часот изби пожар на Блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои тогаш работеше комбинатот. Огнот избина изолатор на трансформаторот на Блок 3, надвор од електраната, а во пожарот немаше повредени.

РЕК Битола располага со залиха од 40 илјади тони јаглен што според министерот за економија Крешник Бектеши е доволно за 8 дена работа на двата болка, но реално можно е таа да трае само 4 дена.

Поради пожарот во петокот доцна навечер, третиот блок ќе биде вон употреба најмалку еден месец, а наскоро ќе почне со работа ТЕЦ Неготино кој чека мазут.

ЕСМ за да го надополни дефицитот потроши 6 и пол милион за увоз на струја.

Извесно е дека денеска Владата на денешната седница ќе ја прифати препораката на Комисијата за прогласување на енергетска кризна состојба.

 

Поврзани новости