РЕК Битола изнајмува машини кои веќе ги купува, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

РЕК Битола има паралелени јавни набавки за купување и изнајмување на иста механизација, обвинува ВМРО-ДПМНЕ од каде тврдат дека се злоупотребуваат народни пари со тоа што прво се набавува механизацијата, а потоа исти такви машините се изнајмуваат од приватни фирми.

-Она што е најинтересно е дека конечно се обидоа да набават некоја смешна бројка на механизација оваа година со јавната набавка 10057/2020 за нова помошна механизација, каде од 20 можни договори се склучија 16. Останатите четири се поништија. Договорите со бр. 10057/2020 за набавката на нова опрема се склучија на 15 февруари 2021 година со рок на испорака од шест месеци за девет договори, девет месеци за четири договори и 12 месеци за три договори. Тие со рок за испорака од шест месеци веќе требаше до пред десеттина дена, најдоцна до 15 август 2021 година, да бидат испорачани и да работат во РЕК Битола. Но, АД ЕСМ објави дека пристигнал дел од опремата, како дампери, утоварувачи, камиони, грејдер и дигалка. Зошто сега во јавната набавка која е во тек под број 14174/2021 се бара услуга од приватни компании за овие машини како утоварувач, грејдер, автодигалка?,изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Поврзани новости