РЕК Битола го раскина договорот со „Марковски компани“

by Fokus

РЕК Битола еднострано го раскина договорот со Марковски Компани за ископ на јаглен и јаловина затоа што фирмата несовесно и неквалитетно ги извршувала задачите, соопшти денеска директорот, Тони Петрушевски.

Тој посочува дека со раскинувањето на тендерскиот договор, активирана е банкарската гаранција од речиси два милиони евра.

„Овој економски оператор, со неодговорно постапување, покрај тоа што во континуитет не успевал да ги испорача договорените количини на јаглен, директно ја загрозил енергетската стабилност на државата. Во тој контекст, со несоодветна динамика за отстранување на јаловинските маси ја нарушил геомеханичката стабилност на рудникот „Брод Гнеотино“, вели Петрушевски.

Тој додава дека на раскинувањето на договорот, му претходеле опомени и укажувања, но фирмата, како што вели, продолжила со несериозниот однос.

„Станува збор за договор склучен на 13 февруари годинава, чие извршување престанува да важи согласно член 15 според кој една од страните може да го раскине пред истекот на важноста, доколку другата страна не ги извршува договорните обврски“, рече Петрушевски.

Поврзани новости