Во рамки на редовните истражувања за потребите на Град Скопје, Агенција Рејтинг спроведе анекта за тоа колку граѓаните се задоволни од работата на градската власт.
На прашањето „Дали работите во Град Скопје се движат во правилна или во погрешна насока?“ најголем процент од анкетираните односно 43,5% од испитаниците рекле дека работите се движат во правилна насока, 38,2% во погрешна, 13,5% ниту во правилна ниту во погрешна насока, додека 4,8% не дале одговор.
На прашањето „Колку сте задоволни од работата на градоначалникот Петре Шилегов?“, 46,3% од анкетираните рекле дека се целосно или главно задоволни од неговата работа, 19,5% проценти рекле дека ниту се, ниту не се задоволни, додека 29,7% рекле дека се главно или целосно незадоволни. Преостанатите 4,5% не дале одговор на ова прашање.
Истражувањето е спроведено по пат на телефонско интервју на репрезентативен примерок од 1200 испитаници во периодот од 10 до 15 септември.