Регулаторна ќе им го укине профитот на енергетските компании?

by fokus

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски уверува дека РКЕ како регулаторно тело ќе ги искористи сите механизми кои ги има на располагање со цел за да не дојде до поскапување на електричната енергија. Вели дека се размислува при носењето на следната одлука за цената на струјата да се тргнат целосно или да се редуцираат маржата и профитите на енергетските компании.

– Во кризна година мора сите да се однесуваме солидарно. Како РКЕ имаме алатки и ќе ги искористиме сите механизми кои ги имаме на располагање при носење на следната одлука на цената на електричната енергија. Профитите и маржата што им се загарантирани за енергетските компании, ќе ги тргнеме скроз или ќе ги редицираме. Цело време повторувам – мора да разберат сите дека во кризна состојба сите мора да си помогнеме, нагласи вечерва Бислимоски на гостувањето на телевизија Алсат.

И министерот за економија Крешник Бектеши уште еднаш повтори дека до крајот на годината нема да има поскапување на цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи, како што се микро и малите компании.

Поврзани новости