Новината која ќе почне да се применува од јулските сметки за струја го доби конечниот облик. Наместо три ќе има четири блока, а домаќинстава кои трошат најмногу струја ќе се најдат во четвртиот блок и ќе плаќаат неколку пати повисоки сметки од досегашните. Домаќинствата кои во зима се греат на струја ќе се најдат во третиот блок но колку ќе платат ќе зависи од новата цена на струјата која ќе биде соопштена во среда или четврток а која со сигурност ќе биде повисока од сегашната, објави денеска Регулаторната комисија.
Во тарифните блокови ќе се пресметува и наплаќа само струјата потрошена во високата односно скапа тарифа. Потрошената струја во ниската односно евтина тарифа ќе се наплаќа по единстевна цена за сите домаќинства.
Границата на првиот тарифен блок е 210 киловат часови потрошена струја во период од 30 дена. Вториот тарифен блок е до 630 киловат часови потрошена струја во период од 30 дена. Третиот блок е до 1.050 киловат часови а четвртиот блок е над 1.050 киловат часа.
Од Регулаторна соопштија дека од ЕВН побарале читањето на броилата да се врши на секои трисест дена а не како досега.
-Ќе се користат истите струјомери. Каде што има потреба на поделба на месро место, бартам од ЕВН во најкраток можен рок да ги реши овие прашња и да излезе во пресрет на граѓаните. Читањето и блоковите се направени за да се делливи со 30. Првиот блок е 210 и кога ќе го поделите е 7 киловат часови на ден. Овој блок важи доколку читањето е направено за 30 дена. Доколку читањето е направено на 40 дена, тогаш првиот блок ќе биде 280 киловат часови и со тоа на ЕВН нема да му одговара, бидејќи што подоцна чита толку повеќе ќе биде во загуба. Ова е механизам во корист на потрошувачите, објасни Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна.
Најголемите потрошувачи, односно оние кои ќе влезат во четвртиот блок, а проценките се дека станува збор за пет до девет илјади, ќе плаќаат три до чети пати повисоки сметки од досегашните бидејќи ќе им се фактурира по пазарна цена.
Регулаторната комисија во среда, кога е закажана подготвителна и главна седница, ќе ги соопшти и висините на цените за блок тарифите.
-Во текот на оваа недела, најверојатно в среда РКЕ ќе одржи подготвителна и главна седница на која ќе ги соопшти цените на блоковите и ниските тарифи, а до тогаш ќе ги оставиме познатите експерти во државата да лицитираат со цените. Апсолутно тоа што е во четвртиот блок е само за во четвритот блок, за остананатите блокови ќе се води сметка да можат потрошувачите да си ги платат своите сметки за електрична енегрија доколку имаат своја нормална и разумна потрошувачка со електрична енергија, појасни Бислимовски.
Новата цена на струјата по која граѓаните ќе ја плаќаат струјата по 1 јули годинава ќе зависи од тоа колкаво покачување на цената ќе побара универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ, откако ЕСМ, од чија понуда најмногу зависи цената, во петокот понуди цена од 48 евра за мегават час што е за 17 отсто поскапо од досегашните 41 евро. Понудата на ЕСМ беше единствена на тендерот на ЕВН Хоум.
Ова ќе биде второ поскапување на цената на струјата која ќе се испорачува од ЕСМ кон ЕВН ХОУМ откако во јануари ЕСМ понуди за 13,6 отсто повисока цена, од тогашните 36 евра за мегават и во првите шест месеци од годината ја испорачуваше по цена од 41 евро што резултираше со поскапување од 9,48 отсто на крајните сметки за електрична енергија за домаќинствата.
Барање за поскапување на цената на струјата до Регулаторна доставија МЕПСО, кои побараа поскапување на тарифата за пренос за 68 отсто како и Електродистрибуција која побара поскаупвање од 80 отсто.
Она што е јасно е дека покачување на цената на струјата е неизбежно и дека најверојатно ќе биде повисоко од јануарските 9,48 отсто.