Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) објави Одлуката за одобрување на цената на ЕВН Хоум, според блокови и коефициенти на поскапување, во рамки на новиот тарифен систем.
Според објавените табели кои ги објави РКЕ, во високата или скапа тарифа, во првиот блок до 210 киловатчасови семејствата нема да плаќаат поскапо затоа што ЕВН бара за нив цена од 4,35 денари. Таму коефициентот за пресметка е 0,99, што значи дека тие домаќинства ќе плаќаат поевтина струја за 1 процент.
Вториот блок, односно оние доќинства кои ќе трошат помеѓу 211 и 630 киловати, ќе плаќаат поскапа струја за 7 отсто бидејќи според табелата на РКЕ, таму коефициентот за пресметка е 1.07, а ЕВН бара 4,69 денари по киловатчас.
20 отсто поскапа струја ќе плаќаат оние кои ќе влезат во третиот блок и трошат помеѓу 631 и 1.050 киловатчасови. Односно таму цената би била 5,27 денари по киловатчас.
Најголемо поскапување ќе има за најголемите потрошувачи. Сите во четвртиот блоккои трошат над 1.050 киловати ќе плаќаат поскапа струја за 320 проценти.