Регулаторна денеска треба да каже дали ќе поскапи струјата и за колку

by Fokus

Регулаторната комисија за енергетика денеска се очекува да соопшти дали и за колку ќе се зголеми цената на електричната енергија од 1 јануари.

На последниот тендер на ЕВН Хоум беше понудена цена од 62 евра за мегават часови од страна на АД ЕСМ што е за две евра повисока во однос на досегашната цена што ЕСМ ја продаваше на универзалниот снабдувач. Оваа цена најмногу влијае врз цената на струјата што домаќинствата ќе треба да ја плаќаат од 1 јануари.

Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш според него, зголемувањето би требало да биде минимално од еден до три проценти.

Поврзани новости