Денес се регистрирани 285 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, оздравени се 328 пациенти – пријавени се 5 починати лица, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа.
Направени се 2.667 тестирања, а регистрирани се 285 нови случаи на КОВИД-19, од Скопје – 110, Битола – 30, Прилеп – 24, Кочани – 20, Велес – 17, Куманово – 16, Тетово – 10, Кавадарци – 9, Гевгелија – 8, Неготино – 7, Ресен – 5, Штип, Охрид, Кичево и Свети Николе – по 4, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Богданци – 2, Струмица, Делчево, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1.
Регистрирани сe 328 оздравени пациенти од: Скопје – 119, Кавадараци – 26, Штип – 25, Битола – 24, Куманово – 22, Кочани – 21, Велес – 18, Неготино – 12, Прилеп и Берово – по 8, Делчево – 7, Гевгелија, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 5, Демир Хисар и Радовиш – по 4, Кичево – 3, Ресен и Охрид – по 2, Богданци, Кратово и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (72г и 91г) и Велес (72г и 87г) и едно починато лице од Берово (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 26.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2) и Кочани (1), на возраст од 72-85г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 2 лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.277, бројот на оздравени пациенти е 193.400, на починати е 7.328, а бројот на активни случаи изнесува 8.549.