Регистрирани се 273 новозаразени со Ковид-19, пријавени се 8 починати лица

by Fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.799 тестови, а регистрирани се 273 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (273), регистрирани се 45 реинфекциии.

Регистрирани сe 233 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Прилеп (68г и 43г) и по едно починато лице од Битола (79г), Куманово (81г) и Охрид (73г). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од Скопје (1), Струмица (1) и Тетово (1), на возраст од 60 до 78 години. Пријавените лица се починати во период од 18.02. до 05.03.2022 година. Од починатите лица две се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови.

Кај сите починати лица (8), се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.933.837 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.140, бројот на оздравени пациенти е 291.952, на починати е 9.172, а бројот на активни случаи изнесува 2.016.

 

Поврзани новости