866
Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер е регистриран на 17 километри југозападно од Дебар, а истиот бил почувствуван и во делови од Албанија.
Според првичните информации на Европско медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) земјотресот е регистриран во 22:35 часот.
Епицентарот на земјотресот е на 15 километри од Цетар Жупа, односно на 42 километри од албанскиот град Елбасан кој има популација од околу 100.000 жители.
Земјотресот е на длабочина од 2 километри.