Регистрирал возила, а парите си ги ставал в џеб, МВР со нова кривична за проневера при технички преглед на возила

by valentina 12:08
12:08

Од МВР поднесоа нова кривична пријава поради нерегуларности при вршење на технички преглед на возила, при што државниот буџет бил оштетен за 110.000 евра.

-На 15.10.2026 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против И.С. (47) од Скопје за „проневера во службата” (чл.354 ст.5 во врска со ст.1) и „перење пари и други приноси од казниво дело” (чл.273 ст.1) од КЗ и против правно лице од Скопје за „перење пари и други приноси од казниво дело” (чл.273 ст.1) од КЗ, информираа од МВР.

Оттаму појаснуваат на кој начин била извршена проневерата.

-И.С. во својство на овластено лице на пријавеното правно лице, кое имало овластувања за вршење на технички преглед на возила во периодот од 01.01.2021 до 20.01.2026 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист во износ од 6.803.900 денари, изготвувал и доставувал лажни извештаи за наплатени надоместоци при регистрација на возила до Јавно претпријатие за државни патишта, Црвен Крст, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Mинистерство за животна средина и општините.

Изготвувањето на извештаите и лажирањето на податоците биле извршувани во содејство со лицето С.С., кои како овластени лица за изготвување и потпишување на фактури и доставување на извештаи до надлежните институции со цел прикривање на паричните средства на наплатените парични средства преку две правни лица и осигурително брокерско друштво од Скопје, на чии сметки биле наплаќани предвидените надоместоци, понатаму го прикривале потеклото на парите со префрлање од една на друга сметка на правните лица и мешање на истите со приходите од редовното работење по различни основи (позајмици, договори за заедничка изградба на недвижен имот, договори за купопродажба на недвижен имот и возила, преноси на средства), а со цел купување на недвижен и подвижен имот со дел од криминално стекнатите парични средства во корист на пријавеното правно лице.

Со наведените дејствија И.С. се стекнал со противправна корист во износ 6.803.900 денари по однос на надоместоци кои се наплаќале при регистрација на возила на штета на Буџетот на РСМ, информираат од МВР.

Слични вести