557
Украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко му се закани на српскиот претседател Александар Вучиќ „да се подготви за бегство во Русија”.
„За секој случај земете билет за Ростов. Можеби наскоро ќе ви се најде“, му препорача Гончаренко на Вучиќ на социјалната мрежа Телеграм.
Тој напиша и дека „неговиот став за Србија останува ист: учи и лечи, лечи и учи“.
Заканата од Украина пристигна пред два дена на адреса на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на српскиот народ.
„ Украина, заедно со Хрватска, ќе му се одмаздат на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за неговите изјави за специјалната операција“, изјави пратеникот на Врховната рада на Украина Алексеј Гончаренко на Телеграм.