Регионалниот пат од Охрид кон Струга утре ќе биде затворен, ќе се снима филм

by fokus

Стариот патен правец од Охрид кон Струга (П1208) во текот на утрешниот ден во периодот од 6 до 15 часот ќе биде затворен за сообраќај.

Причина за затворањето е што ќе се снимаат сцени за играниот филм „Преекспонирано“ во продукција на „ДНФ Филмс“.

Филмот е во режија на Елеонора Венинова и е поддржан од страна на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Деновиве снимањето се одвива на локации во Охрид и неговата околина.

Поврзани новости