Во елитен ресторан во Белград охридскиот рокер Александар Јосифовски ја промовираше песната ,,Пусти ноќи”. На промоцијата тој успеа да собере голем број на музички ѕвезди од регионот, кои му ја дода својата поддршка.
Цеца Ражнатовиќ, Саша Поповиќ, Ана Бекута, Вики Миљковиќ, Ѓорѓе Давид, Мили и многу други беа присутни на настанот на младиот музичар, кој ги осви симпатиите на јавноста со учеството во музичкото шоу ,,Ѕвездите на Гранд”.
-Го обожавав Јосифовски, иако во шоуто беше кандидат на Ѓорѓе Давид. Апсолутно ја има мојата целосна поддршка. Тој е прекрасно и фантастично момче и пред него е голема кариера и иднина – изјави Цеца.
Раскажа дека кога таа започнала со настапи била многу млада и и значела секоја поддршка и убав збор од постарите колеги.
-Тоа му значи на секој почетник, да биде поддржан од искусните колеги. Денес живееме во други времиња, се е поврзано со напредни технологии, информациите бргу се шират- кажа таа.
Новата песна на Александар е објавена на музичкиот канал Јутјуб и веќе станува популарна и се споделува на социјалните мрежи. Музиката е на Григор Копров, а текстот е заеднички на Сања Цулибрк и на Јосифовски.
Вики Клинчарова