Реформаторите за нападот врз сопругата на Богојески: Последен обид на една креатура од систем да задржи моќ во ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Откако попладнево непознато лице се обиде да удри во возилото на сопругата на еден од иницијаторите за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески, реформаторите во изјава за „Фокус“ велат дека ова нема да ги обесхрабри.

-Ова е последен обид на една креатура од систем да задржи моќ во ВМРО-ДПМНЕ. Ние знаеме дека жртвата е голема, но нашата идеја е уште поголема. Ваквите напади нема да не обесхрабрат, туку напротив покажуваат дека сме на вистинскиот пат, изјави Александар Михајлоски, дел од иницијативата за реформи во партијата.

Тој на поддржувачите на иницијативата за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ им порача: „Еден за сите, сите за еден!.“

К.С.

Поврзани новости