Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ тргнуваат во теренска кампања

by fokus

Републичкиот штаб за реформи на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес конфереција на која соопшти дека почнува теренска кампања низ сите општини во Република Македонија.

Еден од иницијаторите за реформи, Петар Богојески рече дека кампањата ќе биде со цел подигнање на свеста за потреба од суштински реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

-Срдечно се заблагодарувам на огормниот број членови и симпатизери кои секојдневно изразуваат и даваат поддршка на оваа иницијатива за спас на партијата. Членови и симпатизери потполно свесни за политичката изолација во која западна партијата, рече Богојевски.

Тој го повика раководството на партијата да се приклучи на иницијативата со цел што поскоро да се случат реформите и демократските промени во ВМРО-ДПМНЕ.

ФОТО: Макфакс

Поврзани новости