Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ од Штип ја поздравија изјавата на Димитриев и го повикаа Груевски да им се приклучи

by fokus

„Нашата цел не се никакви високи позиции во партијата, туку единствена цел ни е нашата партија да се демократизира, членството да се чувствува слободно во изразување на своите ставови, изборот на личности за раководни позиции во партијата, на државно но и на локално ниво да биде исклучиво привилегија на членството, а не како што тоа е досега за тоа да одлучува само врвот на партијата“, изјавија реформаторите од внатрешната иницијатива за демократски реформи во ВМРО-ДПМНЕ, пренесува Исток прес.

Реформаторите побараа Никола Груевски да им се приклучи и да постапи како што постапи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев.

Присутните на панел дискусијата ја оценија изјавата на Димитриев како одлична, според кого некои луѓе цели десет години се во врвот на ВМРО-ДПМНЕ и на други клучни места за државата, и дека е време тие малку да одморат, а на нивно место да дојдат нови луѓе со нови, свежи идеи.

„Oд Никола Груевски имавме многу некоректен однос. Но ние и понатаму го каниме да се појави на нашите панел дискусии. Ние со Груевски се сметаме за рамноправни членови на партијата, како и секој друг, но сакам да порачам дека како Иницијатива од него имавме еден многу некоректен однос“, изјави Петар Богоески, еден од иницијаторите.

Во престојниот период Иницијативата ќе го охрабрувала членството со својата нова енергија да се заокружи процесот на демократизација, членството во секоја општина само да си ги избира кандидатите со градоначалници и советници, а не како што тоа се правело досега за сите работи да одлучува само еден човек.

 

Поврзани новости