Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ: Дали Никола Груевски е испазарен да ги изгубиме локалните избори?

by fokus

Иницијаторите за реформи и демократизација на ВМРО-ДПМНЕ денеска поставија дилема дали партискиот лидер Никола Груевски е испазарен партијата да ги изгуби локалните избори.

-Процесот на стабилизација на македонската политичка сцена, не само што не е завршен, напротив се заострува. Поради свитканата кичма на Никола Груевски, кој подлегна на уцените и нападите од Зоран Заев, политичката Влада со силно мнозинство во Парламентот се повлече. На сметка на тоа, се создаде нестабилна Влада, а актуелната блокада на Парламентот е повторно силен удар врз стабилноста на политичкиот систем во Република Македонија. Дали Никола Груевски е уценет, како резултат на што, предизвика распаѓање на парламентарната група на ВМРО ДПМНЕ и нашите коалициони партнери? Дали Никола Груевски е испазарен да ги изгубиме локалните избори?, вели Петар Богојески, еден од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека е потребна итна реформа на ВМРО ДПМНЕ, за да престане, како што вели, овој циркуз на политичката сцена и за да се стабилизира политичкиот систем.

-Потребна ни е силна победа на локалните избори и подготовка за создавање на алтернатива на актуелната Влада, преку кредибилна коалиција помеѓу ВМРО ДПМНЕ и сериозен партнер од “албанските” политички субјекти, вели Богојески.

К.С.

Поврзани новости